





|
Јога за бремени |
|
Јогата е древно знаење за човекот, за животот. Не` учи како да ги спознаеме и хармонизираме процесите во телото, мислите, емоциите и душевната состојба. И бидејќи во текот на бременоста настанува „револуција“ од промени во телото, психата и душата, јогата преку својот систем на техники и приод во себенабљудувањето, може да и` помогне на жената да ги разбере тие промени и да ја искористи нивната енегрија позитивно; бременоста и породувањето да станат период на лично созревање, радост и живеење, славење на љубовта.
КОГА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ЈОГИСКИТЕ ВЕЖБИ?
На часовите се практикуваат: · ТЕЛЕСНИ ВЕЖБИ (АСАНИ), прилагодени за периодот на бременоста. Се постигнува поголема еластичност и цврстина на мускулатурата, се зголемува подвижноста на карлицата и се отстрануваат или ублажуваат болките во грбот и половината. Вежбите не се напорни, не ве исцрпуваат, напротив освежуваат и го враќаат доброто расположение. · ДЛАБОКО И РИТМИЧНО ДИШЕЊЕ што обезбедува повеќе кислород за клетките и добар метаболизам, релаксираат и ја урамнотежуваат енергијата. · Максимата дека во текот на бременоста треба да јадете за двајца не важи, но е точно дека треба да дишете за двајца. · РЕЛАКСАЦИЈА - за ослободување на акомулираната напнатост. Техниките на дишење и на релаксација се од голема корист за свесно отпуштање помеѓу контракциите во текот на породувањето и обновување на енергијата. · Техниките на КОНЦЕНТРАЦИЈА, ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА и МЕДИТАЦИЈА ги хармонизираат мислите и емоциите и носат духовно спокојство. И помогнуваат на жената да се справи со наметнатиот страв од породување. Ние прифаќаме дека раѓањето е „страшно“, а не „природно“. А стравот блокира и нерационално ја троши енергијата. Истражувањата покажуваат дека бебето во утробата е под влијание на севкупниот начин на живеење на мајката. Внатрешниот мир и мајчината љубов е од голема важност за хармоничен психоментален развој на новороденчето.
ШТО СЕ ПОСТИГНУВА?
СО ПРАКТИКУВАЊЕТО НА ЈОГИСКИТЕ ТЕХНИКИ ЖЕНАТА СИ ПОМОГНУВА И ПО ПОРОДУВАЊЕТО: · Телото брзо да се врати во претходната состојба, за што помогнува ако телото било активно и пред бременоста и на соодветен начин и во текот на бременоста. Се практикува и пост-натална јогиска програма за зајакнување на стомачните мускули и ослободување на заморот. · Полесно да се соочи со емотивните промени карактеристични за овој период, како и со пост-породилната депресија кога се јавува. · Да ја одржи внатрешната смиреност и хармонија, што се пренесува и на бебето. |
|
"Сите наши стравови доаѓаат од моментот на раѓањето."
Фредерик Лебоаје, автор на книгата "Раѓање без насилствo". |
|
- Часови во понеделник и петок од 17,20 до 18,30ч.
- СРЕДБИ НА ЖЕНИ ШТО СЕ ПОРОДИЛЕ И БРЕМЕНИ ЖЕНИ за размена на искуства.
- ДОЕЊЕ |